
РЕ Водовод и Канализација – Струга
Меѓуопштинското јавно претпријатие МЈП ПРОАКВА е основана врз основа на Спогодба, заведена под број 07-821/6 од 15.12.1998г во Општина Струга и број 07-793/1 од 15.12.1998г во Општина Охрид. Јавното претпријатие е формирано со цел да се овозможи интегрирање на примарната и секундарната мрежа, заштита на Охридското Езеро и регулирање на водоснабдувањето во една заедничка организација.
По склучувањето на горенаведената Спогодба за основање на МЈП Проаква а потпишана од Општините Струга и Охрид се пристапи кон донесување на Статут на МЈП Проаква и истиот е усогласен соогласно одредбитена Законот за јавни претпријатиа.
Врз основа на истиот Закон се изврши упис на основање на МЈП Проаква Струга во Регистарскиот Суд – Основниот Суд Битола под бр.3774/98 од 31.12.1998 година со што е основана МЈП Проаква Струга. Залагањата за почитување на членот 18 од гореспоменатата Спогодба и Одлуките на Управниот Одбор од 2007г одобрени од Советите на Основачите на МЈП Проаква Струга, МЈП Проаква Струга се реорганизира на работни единици:
1. Р.Е.Водовод Охрид
2. Р.Е.Водовод и канализација Струга
3. Р.Е.Колектор
Општи податоци
Р.Е.Водовод и канализација Струга
Алати за работа
РЕ Водовод и Канализација – Струга
Алатите за работа во РЕ Водовод и Канализација – Струга се обезбедуваат од самата работа и тоа:
Услугите за обезбедување со вода и канализација
Хидроградби
Услуги кои му припаѓаат на водоводот, канализациските врски во домаќинствата и индустриите во Општина Струга
