
ЈП Водовод и Канализација – Струга
Меѓуопштинското јавно претпријатие МЈП ПРОАКВА е основана врз основа на Спогодба, заведена под број 07-821/6 од 15.12.1998г во Општина Струга и број 07-793/1 од 15.12.1998г во Општина Охрид. Јавното претпријатие е формирано со цел да се овозможи интегрирање на примарната и секундарната мрежа, заштита на Охридското Езеро и регулирање на водоснабдувањето во една заедничка организација.

Активности
ЈП Водовод и Канализација – Струга ги врши следнива активности:
Собирање на водата
Дистрибуција на водата
Одведување испуштање на атмосферски води, односно прифаќање на атмосферски води од урбани површини, одведување со канализациона мрежа и испуштање во реципиент.
Пречистување на водата
Одведување и пречистување на отпадни води од куќниот приклучок на дворната канализациона мрежа, одведување со улична канализациона мрежа, и испуштање во реципиент.
